| четврток, 6 декември 2018 |

Чоколадни јајца за Велигден од Роберто Кавали

јајца

Кралот на животинскиот принт Роберто Кавали не застанува само на модната писта. Светските следбеници на модата го обожаваат, но малкумина се надеваа дека тој ќе стигне и до гастрономската индустрија. Во „Кафе Џасоса“ во Фиренца почнаа да се продаваат единствените јајца „кавали“, особено наменети за Велигден. Јајцата се чоколадни и ги има во три облици: жирафа, светла зебра и темна зебра, а направени се од најквалитетните зрна какао. Чинат, ни повеќе ни помалку, туку 45 евра. Во нив има и изненадување. Чоколадните јајца може да ги нарачате и онлајн.

јајца1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top