Индија денеска изврши ново успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел од типот „Агни-2“, која е способна да носи нуклеарна боева глава, соопштија индиските Вооружени сили. Ракетата, која е дел од оружјето на индиската Армија, била лансирана од полигон на островот Вилар во Бенгалскиот Залив и успешно ја погодила зададената цел. Првиот тест на реката од типот „Агни-2“, Индија го изврши во 1999 година.
Оваа ракета со стреден дострел од над 2 илјади километри веќе е дел од индиската армија, како дел од стрратешкиот арсенал за нуклеарна одбрана. Оваа втора фаза од ракетата земја-земја е надградена со напреден високопрецизен навигациски систем и сосема нов, како посочуваат, врвен систем за контрола и управување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.