| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Русија остануваат најголеми извозници на оружје

САД ја зајакна позицијата на водечки извозник на оружје во последните пет години, обезбедувајќи една третина од оружјето во светот, се наведува во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Според Институтот, во периодот од 2013 до 2017 година за 10 проценти е зголемено купувањето на оружје во светот.

Во тој период уделот на САД е 34 проценти од светската продажба, при што извезле оружје во најмалкуи 98 држави. Голем дел од американскиот извоз бил на воени и транспортни авиони.

Речиси половината од извозот на американснко оружје е за Блиски Исток, а една третина во Азија. Саудиска Арабија е најважен клинент на американската воена индустрија односно 20 проценти од увезеното оружје од САД.

Русија и понатаму е втор по големина извозник на оружје во светот со околу 20 проценти од светските достави и извезува во 47 држави, Повеќе од половината од рускиот извоз на оружје е насочен кон Индија, Кина и Виетнам.

На трето место е Франција, а потоа следат Германија и Кина.

Индија, Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Кина добиваат една третина од извозот на оружје.

Индија со 12 проценти е најголем светски увозник на оружје, а најголеми доставувачи се Русија, САД и Израел

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top