| четврток, 6 декември 2018 |

Јадранска лига: МЗТ Скопје загуби од Партизан

Kosarka MZT Zadar 08 (Custom)

Македонскиот кошаркарски првак загуби од Партизан со 65-50, во Белград, вечерва, во 7. коло од Јадранската лига.

По израмнетото прво полувреме, кое заврши 29-29, домашниот тим доминираше во третата четвртина, добивајќи ја со 21-11 и создаде доволна разлика за победа, за нив трета сезонава. Единствен со двоцифрен број поени кај МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски, со 10 поени.

Резултати од денеска: Партизан – МЗТ Скопје 65-50, Будуќност – Мега Визура 88-80, Задар – Олимпија 60-67. Другите средби се играат утре и в понеделник.

ТАБЕЛА
1. Будуќност 7 6 1 13

2. Ц. звезда 6 6 0 12

3. Крка 6 5 1 11

4. Мега Визура 7 4 3 11

5. Олимпија 7 4 3 11

6. Цедевита 6 4 2 10

7. Партизан 7 3 4 10

8. Солноки 6 3 3 9

9. Задар 7 2 5 9

10. МЗТ Скопје 7 2 5 9

11. Игокеа 6 2 4 8

12. Цибона 6 2 4 8

13. Левски 6 1 5 7

14. Металац 6 1 5 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top