| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар убедливо совладан од Мешков Брест во СЕХА лигата

Во репризата на минатогодишното финале од фајналфор турнирот во СЕХА лигата Мешков Брест му беше домаќин на шампионот Вардар и убедливо го совлада со 30-22.
Овој натпревар за Вардар беше подготвителен пред оној можеби најважниот во Лигата на шампионите следниот викенд во СЦ „Јане Сандански“ против лидерот во групата Веспрем.
Мешков на овој натпревар знаеше што сака и од првата минута тргна силовито кон голот и направи неколку серии за резултатски да се одлепи.
Вардар во тој период неможеше да парира бидејќи тренерот Раул Гонзалес како и на целиот натпревар настапи со комбиниран состав.
Во текот на целиот натпревар домаќинот беше во водство и не ја испушти победата од раце. На десет минути до крајот „црвено-црните“ се доближија на само еден гол разлика, но тоа беше се што направија. Следуваше серија од 8-1 на Мешков која беше пресудна за победата.

И во СЕХА лигата на табелата води Веспрем пред Вардар. Со оваа победа Мешков се искачи на четвртото место, кое води на завршниот турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top