Аутопсијата на телото на Робин Вилијамс покажа дека холивудскиот актер ниту конзумирал алкохол, ниту каква било дрога пред да се самоубие на 11 август.
Резултатите од аутопсијата ги објави полицијата во северна Калифорнија, а заклучено е дека актерот не ги злоупотребувал своите лекови кои кобниот ден ги испил, како што налагала терапијата. Според тоа, смртта настапила по пат на гушење, односно актерот се самоубил со бесење.
Телото го пронајде неговиот личен асистент, а пред да се обеси, познатиот комичар се обидел да ги пресече вените на рацете.
Според неговата сопруга Сузан Шнејдер Вилијамс пател од депресија, анксиозност и почетен стадиум на Паркинсонова болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.