| четврток, 6 декември 2018 |

За поседување куче или мајмун во Иран ќе се казнува парично и со удари со камшик

Monkey-feeding-dog
Дружбата со најдобриот човеков пријател – кучето или поседувањето мајмун во Иран ќе се казнува парично и со удари со камшик, објави италијанскиот весник Стампа.

Триесетина пратеници конзервативци поднеле во парламентот нацрт-закон со кој ќе се казнуваат луѓето кои купуваат кучиња или мајмуни или кои ги „шетаат“ тие животни на јавни места.

Казната е 74 удари со камшик и парична казна од 300 до 3.000 долари.

Казни ќе има и за оние кои организираат изложби на кучиња.

Според подносителите на законот, кучињата и мајмуните се нечисти животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top