| четврток, 6 декември 2018 |

Експертизата потврди – Робин Вилијамс се самоубил

Робин Вилијамс

Робин Вилијамс


Потврдено е дека причината за смртта на актерот Робин Вилијамс е самоубиство.

-Смртта на Вилијамс настапила како последица самоубиство, без надворешно мешање. Експертизата покажа и дека тој не употребил алкохол или дрога, следствено посегнал по својот живот во сосема јасна свест – соопшти иследникот од округот Марин, Калифорнија.

Робин Вилијамс почина на 64-годишна возраст на 12 август годинава. Актерот беше пронајден мртов во својот дом во калифорнискиот град Тибурон, обесен на појасот. По сведоштва на неговите пријатели и колеги Вилијамс страдал од депресија предизвикана од зависноста кон алкохолот и финансиски проблеми.

Низ годините актерот на два пати пристапува во специјализирана клиника за да се бори со алкохолната зависност. Цели 13 години тој не пие алкохол, но во 2013 повторно посегнува кон чашката. Неговата сопруга Сузан Шерон откри дека Вилијамс имал и Паркинсонова болест во ран стадиум.

Вилијамс е лауреат на „Оскар” за споредна улога во „Добриот Вил Хантинг” (1998) и 5 кратен добитник на „Златен глобус”. Актерот беше познат главно како комичар, но една од најзапаметените негови улоги беше драматична – на професорот по англиска литература во ремек делото “Општеството на мртвите поети” (1989).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top