| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството и соседите се подготвуваат за дочек на Шешељ

Александар Шешељ

Александар Шешељ

-Дојде и овој ден. Дали некој веруваше? – со овие зборови и прегратки соседите се обраќаат на синовите на Воислав Шешељ пред куќата во Батајниц.

-Се слушнавме вчера со татко ми. Зборуваа мајка ми и брат ми Александар. Сѐ уште не знаеме кога ќе дојде, но чекаме. Не ме прашувајте како се чувствувам. Ќе видиме сѐ кога тој ќе дојде – вели синот на Шешељ, Михајло.
Најстариот син Никола вели дека на татко му му ветил дека ќе престане да пуши ако се врати дома.

Во соседството владее возбуда. Луѓето прашуваат, чекаат нови вести, ги мијат автомобилите, подготвуваат дочек.

-Ќе се промени сѐ со Војо, ќе се собере светот па да не кажат дека сме валкани – вели сосед со сунгер во рака.

Лидерот на српската радикална странка по одлука на Хашкиот трибунал ќе биде пуштен на привремена слобода без услови и ќе се брати во Србија. Се очекува да пристигне во вторник или среда. Безусловно пуштање со однапред познат став на обвинетиот дека ќе ги почитува правилата досега не е забелешан во праксата на Трибуналот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top