Откажани се сите летови од аердромот на Малта откако островот беше погоден од циклон. Поради невремето не сообраќаат ниту фериботите.
Искорнати дрвја ја блокираа пистата на аеродромот, објави „Тајмс оф Малта“.
Метеоролошката служба на Малта соопшти дека бурата ќе продолжи до утре.
Од невремето зафатени се и Сицилија и други делови од Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.