Јосип Броз и по многу години од смртта предизвикува внимание. Имено, деновиве во јавност излегоа документи на ФБИ каде што постои извештај во еден од стотината илјади документи на кои американските власти им ја тргнале ознаката „строго доверливо“. Во него пишува дека Маријан Џон Маркул смета дека личноста што денес се претставува како маршал Тито не е вистинскиот Јосип Броз – Тито, туку дека станува збор за руски агент што го украл неговиот идентитет во 1937 година кога Тито исчезнува во Русија.
Два дена откако овој документ беше објавен дојде информацијата дека во родното место на Тито – Кумровец се пронајдени пет скелети од периодот на Втората светска војна, кои биле фрлени во еден канал. Оваа информација ги разбуди дежурните теоритичари на заговор, па веднаш почнаа шпекулациите дека откриените трупови би можеле да бидат членови на фамилијата на Тито, кои се убиени за да не се открие дека на чело на Југославија е лажен Јосип Броз, па дури и дека едно од телата би можело да припаѓа на вистинскиот Јосип Броз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.