Брак, развод… тоа е секојдневие. Многумина се решаваат да стапнат на лудиот камен, за подоцна да сфатат дека тоа било лудост. Некој „го погодил“ сопатникот во животот од прва, но некому му се потребни повеќе шанси да го најде вистинскиот.
И познатите не се имуни на разводи. Поголем дел од јавните личности имаат развод зад себе. Актерите Весна Петрушевска-Бејби, Васил Зафирчев, Јелена Жугиќ, Игор Џамбазов, кошаркарот Пеце Наумовски, креаторката Елена Лука, стилистот Сергеј, политичарките Наташа Савова, Ермира Мехмети, Аделина Марку, водителките Маја Поцевска, Сузана Турунџиева, презентерката Татјана Стојановска која се разведе од фолк пејачот Благоја Груевски, пејачот Мартин Србиновски, Пере од „Нокаут“, Биба Додева, Благица Павловска, Андријана Алачки…
Се разведоа и експремиерот Владо Бучковски, кој влезе во нов брак, актуелниот премиер исто така. И вицепремиерот Веле Самак ја имаше истата судбина. Се разведе и се прежени актерот Тони Михајловски, истото го стори и фудбалерот Дарко Панчев, кој се ожени со пејачката Маја Панчева (тогаш Грозданова). И Иво Јанковски и манекенката Надица, кои стапија во брак откако го раскинаа првото ветување пред Бога. Втор брак ѝ е и на Тања Кочовска, која по разводот од актерот Владимир Ендровски-Љац стапи во браг со колегата Предраг Павловски… Во втор брак е и Ристо Вртев, пејачот на „Архангел“, кој по разводот со првата сопруга Јасна, со која имаат две деца, се зеде со новинарката Валентина Тодоровска. И фолк-пејачот Наум Петревски е во втор брак. Откако се разведе од сопругата, се ожени со колешката Зуица Лазова, со која има две деца. Истото го стори и Ферус Мустафов, кој по долги години брак се разведе и прежени за триесетитри години помлада девојка која ја смени верата поради него.
Но, има и луѓе со два брака зад себе, па и три, четири… Еве на кои се сетивме ние:
Кај јавните личности рекордер е Александар Маленко. Тој прво стапи во брак со Турунџиева, со која има дете. Потоа се ожени со Жугиќ, со која исто така има дете, потоа со Русинката Татјана, која исто така му роди дете. Следуваше брак со охриѓанката Фани, која му роди четврто дете.
И бизнисменот Орце Камчев се најде на оваа листа. Тој се ожени со ќерката на Трифун Костовски, Олга, па се разведе од неа, па пак се зедоа за на крај да се разведат и тој да се прежени со друга.
Една од оние со повеќе од еден развод е и Лила М. Стојановска. Таа прави шеги на своја сметка кога е во прашање облекувањето венчаници. Од првиот брак го има синот Филип. Потоа следуваше брак со Орце од „Арија“ (Орце се прежени).
Доктор Јовица Угриновски има трета жена. Од секој брак доктор Угриновски има по две деца. Сега е во брак со многу помладата Ангела.
Калиопи има два развода зад себе. Прво се омажи со Ромео Грил. Со него има еден син – Пако. Долги години по разводот стапи во брак со актерот Зафирчев. Но, по неколку години брак решија да се разделат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.