| четврток, 6 декември 2018 |

Дона Арес: Сознанието дека сум болна тешко ми падна

Босанската пејачка Азра Колаковиќ (37), позната како Дона Арес, во последните месец ипол дена, откако лекарите констатирале дека боледува од рак, преживува пекол.

Нејзиниот живот се променил преку ноќ, а таа и понатаму успева да си го задржи ведриот дух. Босанската пејачка лежела во болница повеќе од три недели, каде изгубила многу килограми, а во следните година дена ќе оди на хемотерапија.Во интервју за српски „Курир“, Дона Арес раскажала се за карциномот.

– Сознанието дека сум болна тешко ми падна. Ми беше криво, не жал, затоа што имав големи планови за оваа и идната година. Се
исплакав првите два дена и потоа го свртив листот. Ја прифатив болеста како предизвик да ја победам. Нема да се предадам и
подготвена сум да одам до крај, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top