Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска му го врачи мандатот за формирање нова влада на лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов, кој е номиниран за премиер од најголемата парламентарна група во Народното собрание.
ГЕРБ и Реформатирскиот блок (РБ) постигнаа договор Борисов да биде премиер, како и за составот на владиниот кабинет.
Според Уставот, кандидатот за премиер има рок од седум дена да предложи влада.
– Во текот на денешниот ден ќе знаеме дали сме во состојба да формираме влада, така што утре ќе знаеме дали ќе го вратиме мандатот или ќе предложиме кабинет – изјави Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.