Најновата кампања на „Викторија сикрет“ која предизвика многу внимание во јавноста и против која е потпишана петиција за укинување, затоа што слабото тело на манекенките е претставено како „совршено“, сега британскиот моден бренд „ЈД Вилијамс“, осмислил контракампања како одговор на кампањата на „Викторија сикрет“. Тие претставиле жени со различни облини и слоганот им гласи „совршено несовршена“.
Овој бренд на социјалните мрежи побарал од дамите да ја споделат својата „омилена маана“ и се надеваат дека на тој начин ќе можат да ја подигнат самодовербата на повеќе жени ширум светот и дека така се слави женската убавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.