| четврток, 6 декември 2018 |

Тест за бременост во Древен Египет…јачмен!

655-402-bremennost

Пред неколку илјади години луѓето имале начин да си направат домашен тест за бременост.Техниката била многу едноставна. Египќанките поставувале зрна од пченица и јачмен во сад и мокреле врз нив. Потоа поставувале крпа врз садот и чекале до другиот ден. Ако следното утро зрната почнале да ’ртат, значи жената е бремена. Имало дури теорија дека според степенот на ’ртење можело да се разбере дали жената чека момче или девојче.

Истражувачите во 60-тите години на минатиот век потврдиле дека овој тест бил со 70% точност, малку помалку од модерните тестови за бременост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top