| четврток, 6 декември 2018 |

Момче напиша книга и собра 1 милион долари за спас на болниот другар (видео)

63b205c335ff6accbfefc3a64f1d36dd

Дилан Сјегел

Осумгодишно момче од САД собрало речиси 1 милион долари од книга која ја напишал за да го спаси тешкоболниот пријател. Дилан Сјегел паднал во очај кога сфатил дека веќе нема да може да си игра со својот пријател, на кого пред шест месеци му била дијагностицирана исклучително ретка и опасна болест – болест на Гирк. Малиот Дилан долго време размислуваат како може да му помогне на другарчето и конечно решил да напише своја книга – „Chocolate Bar“. Тој објавил дека е подготвен да ја продаде копијата на секој кој не е рамнодушен кон судбината на несреќното дете. До денес благодарение на книгата, тој има собрано околу 900 илјади долари.

– Толку сум среќен што можам да му помогнам на другар ми. Им благодарам на луѓето што ја споделија нашата приказна и таа стана позната во целиот свет – вели малечкиот во своето неодамнешно интервју. Малиот писател се надева дека собраните средства ќе му помогнат на неговиот пријател да се излекува. Ако, сепак, не се доволни, тој е подготвен да измисли нешто друго, со што би помогнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top