
Опозицијата не се враќа во парламент. По денешната средба на лидерите на СДСМ, ЛДП и на НСДП, Зоран Заев, Андреј Жерновски и Тито Петковски, опозицијата соопшто дека нема враќање во парламентот.
– Секако, петте теми им се јасни и на јавноста и на власта, теми за кои власта, доколку смета дека треба, може да почне преговори. Тоа се темите за медиумите, за разграничување на партијата од државата, темата за пописот, темата за избирачкиот список и изборното законодавство и за техничката влада – рече Заев.

Според него, стратегијата на опозицијата е јасна.
– Имплементацијата на четирите столбови е во тек. Новина е тоа што од утре почнуваме трибини низ Македонија, 16 градови се дефинирани, утре е Битола, каде што претставниците на опозицијата, и јас ќе бидам таму присутен од претставници на претседателите на партиите, ќе отвориме дебата со граѓаните за актуелните политички случувања – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


