Лидерите на НСДП и на ЛДП, Тито Петковски и Андреј Жерновски, денеска треба да се сретнат со нивниот коалициски партнер, лидерот на СДСМ Зоран Заев, за да утврдат стратегија за натамошното дејствување на опозицијата.
Средбата доаѓа по минатонеделните неофицијални информации дека дел од опозициските пратеници се изморени од бојкотот и бараат да се вратат во Собранието. На 10 ноември истекува рокот по кој собранискиот спикер Трајко Вељаноски може да побара да им се одземат мандатите затоа што не учествуваат во работата на законодавниот дом.
Жерновски вчера потврди дека има пратеници кои сериозно размислуваат да се вратат во собраниските клупи, бидејќи стравуваат од маргинализирање на улогата на опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.