| четврток, 6 декември 2018 |

Ја претепал поранешната сопруга, по што таа се обидела да се самоповреди

насилство

Гостиварец бил приведен во полициска станица откако Џ.Х.(34) од Гостивар, негова поранешна сопруга, пријавила семејно насилство во полицијата.

Според информациите од СВР Тетово, гостиварката случaјот го пријавила вчера околу 17 часот. Два часа прeтходно, во нејзината куќа дошол поранешниот сопруг Е.Ш.(26), насилно ја отворил влезната врата и започнал расправија и ги навредувал неа и нивното малолетно дете. Потоа почнал да ја удира со тупаници по главата и по телото. Најверојатно поради шокот од ситуацијата во која се нашла, Џ.Х. се обидела да се самоповреди со нож, меѓутоа била спречена од полициски службеници. Насилникот, набрзо по пријавата е лишен од слобода и задржан во полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top