Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, сезонава ќе ја заврши во Бундеслигата, во тимот на Битигхајм. Станиќ, кој беше без клуб од минатиот месец, потпишал договор до крајот на оваа сезона и ќе застане на голот на моментално последнопласираната екипа во Бундеслигата.
Битигхајм, по 11 одиграни кола, е последен на табелата во Бундеслигата со само два бода и е во крајно тешка положба.
Доаѓањето на голман со квалитетите на Станиќ може да биде сламка за спас на клубот од Битигхајм-Бисинген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.