| четврток, 6 декември 2018 |

Во Канада паднал половина метро снег

hi-canada-snow-852-3770794

Источниот дел на Канада го зафати прв снежен бран годинава, оставајќи некои делови без електрична енергија.

Во делови на провинциите Њу Брансвик и Квебек паднало речиси 50 сантиметри снег. Се очекува до крајот на денот да наврнат уште 25 сантиметри снег, соопшти канадската Метеоролошка служба.

Училиштата во северната провинција Њу Брансвик денеска останаа затворени, додека 12.000 домаќинства беа без електрична енергија.

Во провинцијата Квебек без електрична енергија останале 2.500 домаќинства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top