Во шестото коло од Јаданската кошаркарски лига (АБА) македонскиот шампион беше домаќин на екипата на Цедевита.
Тимот од Загреб кој игра и во Евролигата беше посилен противник и заслужено славеше со 76-61 (19-14,14-20,16-19,12-23).
Ова е првиот пораз на една македонска екипа во новиот спортски центар „Јане Сандански“.
Сепак избранциите на Врбица Стефанов одлично се држеа со поквалитетниот противник кој на полувреме отиде со само еден поен предност. Гостите успеаја да направат разлика во последниот период од играта кој го добија со 11 коша разлика. Во истиот период МЗТ не даде ниту еден поен во првите пет минут игра. За тимот од Аеродром денеска настапија новите засилувања Американецот Диксон и повратникот во тимот Шеховиќ. Управата на МЗТ не успеја навреме да ја заврши регистрацијата на македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски кој својот прв натпревар оваа сезона ќе ги има во среда во вечното дерби против Работнички во „Градски парк“.
Најефикасен кај гостите беше центарот Миро Билан со 15 поени, а кај металците се истакна репрезентативецот Марко Симоновски со 12 коша.
По ова коло Цедевита со четири победи и два порази се наоѓа на четвртото место, а МЗТ Скопје е единаесети со само две победи од шест натпревари.
Следниот натпревар Аеродромци ќе го играат во Белград против Партизан, кој нема добро искуство со македоснкиот шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.