| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадисти егзекутирале 200 лица во Ирак, меѓу кои и деца

Екстремисти од организацијата Исламска држава изминатите три дена убиле во ирачката провинција Анбар 200 припадници на едно сунитско племе, меѓу кои и жени и деца, соопшти денеска ирачки претставник.

Началникот на локалната полиција Шабан ал Обаиди изјави дека џихадисти егзекутирале над 200 лица, додека заменикот лидер на советот на провинцијата Анбар, Фалех ал Есави, дека бројот на убиени е 258 лица.

Сите жртви, меѓу кои и жени и деца, биле членови на сунитското племе Албу Нимир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top