Селекторот на Македонската ракометна репрезентацијата Ивица Обрван до последен момент го криеше списокот на 16 репрезентативци со кои ќе им се спротистави на чесите на денешниот дуел во рамките од квалификациите за европското првенство 2016 што се игра на теренот на противникот во Жлин.
Обрван направи само една измена од составот со кој ја оствари првата победа во групата против Швајцарија.
На местото кружен напаѓач се враќа искусниот Ванчо Димовски. Покрај Димовски на местото пикер остануваат и Стојанче Стоилов и Никола Марковски, па Обрван реши од списокот да го избрише десното крило Златко Мојсовски, што значи дека играчот на Металург на Гоце Георгиевски ќе биде едиственото десно крило во составот.
Искуството на Димовски е повеќе од потребно во вака важен натпревар и очекувано беше тој да се врати во репрезентацијата по еден натпревар отсуство и поштеда која ја доби од селекторот.
Уште пред тргнувањето за Чешка Обрван се реши за уште една измена. На голот место Петар Ангелов да го поведе младиот Митревски и заедно со неприкосновениот Борко Ристовски да се обидат да го спречат подмладениот состав на Чешка, која денеска нема да може да смета на услугите на првите ѕвезди Филип Јиха и Павел Хорак поради повреди.
Состави:
ЧЕШКА: Штохл, Хрстка, Јурка, Мотл, Собол, Галија, Бабак, Котрц, ЛИнхарт, Здрахала, Ханиш, Синделар, Чудоба, Касал.
МАКЕДОНИЈА: Митревски, Ристовски, Манасков, Вугринец, Стоилов, К. Лазаров, Јоноски, Миркуловски, В. Маркоски, Н. Маркоски, Мојсовски, Димовски, Прибак, Георгиевски, Ф. Лазаров, Ојлески.
Натпреварот започнува во 13.30 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


