| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонија: Нема да ги плаќаме долговите ако Мадрид не соработува со нас!

Еден од лидерите за независност за шпанската покраина Каталонија, Ориол Хункерас, изјави денеска дека Каталонија ќе престане да го плаќа својот дел од долговите на Шпанија ако властите во Мадрид не соработуваат со неа.

– Едно од клучните решенија на недоразбирањата помеѓу Мадрид и Барселона се наоѓа во шпанскиот јавен долг – рекол Хункерас, лидерот на левичарската партија Републиканска Каталонија.

– Ќе го платиме долгот, но тоа нема да биде возможно без соработка. Ако државата не сака да преговара каталонското стопанство нема да биде во можност да учествува во плаќањето на шпанскиот јавен долг – вели Хункерас.

Долгот на стопански силната Каталонија изнесува околу 62 милијарди евра, односно шест отсто од вкупниот јавен долг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top