| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје доби големо засилување, Дамјан Стојановски во Аеродром до крајот на сезоната

Сагата на МЗТ околку македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски заврши. По неколку месечните преговори кои „запнаа“ околу висината на месечната примања, конечно синоќа е договорено Дамјан да потпише едногодишен договор, односно до крајот на сезона со клубот од Јане Сандански.
Стојановски прво сакаше да ги добие заостанатите примања од претходната година, па потоа да седне на преговарчка маса за новиот договор. По се изгледа разликите се испеглани и тој е староновиот играч во МЗТ. По заминувањето на тренерот Змаго Сагадин, Ведран Моровиќ и Ѓорѓи Цинцадзе се отвори се ослободија значителни средства во буџетот кои ќе можат да ги покријат барањата на еден од најзаслужните кошаркари во изминатите две сезони во МЗТ. Дамјан во овие две години освои две шампионски титули и двапати се радуваше на куп пехарот.
Ако ги завршат формалностите за регистрација на играчот до недела, Дамјан Стојановски се очекува да настапи на натпреварот од АБА лигата против Цедевита, или неговиот прв настап ќе биде на вечното дерби против Работнички во среда во „Градски парк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top