| четврток, 6 декември 2018 |

Секси Севе кај Големиот брат

severina
Северина ќе биде големата ѕвезда во новата сезона на „Големиот брат“, која ќе се емитува на пролет, пренесуваат спрските медиуми. Продукциската куќа Emotion, која стои позади овој проект, била во преговори со хрватската пејачка за учество во реалното шоу, во кое за 48 часа во куќата би требало да добие 20 000 евра.

-Emotion планира новата шеста сезона од „ВИП Големиот брат“ да започне на пролет, а би учествувале познати личности од целиот регион. Поминаа повеќе од година дена од последното прикажување на шоуто, па сметаат дека е време да започнат со подготовки за новиот циклус. Во моментов нема таков формат на телевизија, а Северина ќе биде одлична мамка за публиката, вели изворот.

Со пејачката во моментов преговара првиот човек на Emotion, Горан Стаменковиќ. „Северина и Гоша се во одлични односи. Во финалето од четвртата сезона таа премиерно ја изведе песната ’Бред Пит’. Исто така, Стаменковиќ своевремено планираше да основа издавачка куќа, а ексклузивката требаше да биде токму Севе. Се договараат таа да влезе барем на 48 часа, со цел да ја заинтригира публиката, со отворена можност да остане и подолго. Нејзината задача е да обезбеди гледаност и висок рејтинг, а за возврат ќе биде добро платена“, додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top