Фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва ќе биде надвор од теренот следните три до четири недели поради повреда на коленото, а покрај тоа ќе го пропушти и градското дерби овој викенд против Јунајтед.
Силва се повреди на почетокот од натпреварот против Њукасл во Лига купот, каде „граѓаните“ беа поразени со 2-0.
Шпанецот ќе го пропушти и натпреварот против ЦСКА во рамките од Лигата на шампиони, како и гостувањето кај КПР. Исто така нема да може настапи за Шпанија во квалификациите за ЕП во 2016 против Белорусија.
– Давид има проблеми со лигаментите. Најверојатно нема да игра три до четири недели, така да не можам да сметам на него за дербито. Тој е многу важен играч, но мислам дека имаме добар тим кој ќе го надополни неговото место – изјави Пелегрини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.