Најдобриот стрелец во историјата на „граѓаните“, Серхио Агуеро со хет-трик му пресуди на Њукасл за да го врати својот тим на победничкиот колосек, откако сезонава Манчестер сити постави рекорд во серија на победи и испиша историски успех во најсилната англиска лига.
Агуеро погоди во 34-та, 63-та од пенал и во 83-та минута, а Марфи во 67-та даде гол за Њукасл за да ја врати надежта на црвно-белите дека во завршницата може да се изборат и за бод, што не им успеа на крајот.
Со триумфот за 21-та победа сезонава, Сити сега има 65 бода, 12 повеќе од Манчестер јунајтед, кој едвај го победи Барнли со 1-0, додека Челси со 50 бода е трет, а Ливерпул со 47 е четврти, но „црвените“ имаат и меч помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас
-
Инцидент по дербито на Манчестер: Мурињо испрскан со вода и млеко, Артета добил расекотина на лицето