
Големата манифестација, како по содржина така и по обем – Денови на македонска култура, ќе биде организирана во дури три европски земји, во Шведска, Холандија и во Белгија, се подготвува програма за Европскиот град на културата – Марсеј. Ќе учествуваме и на Франкофонските игри во Ница, а пригодна програма се подготвува и за чествувањето на свети Kирил во Рим. Македонската опера и балет патува за Индонезија, каде што ќе одржи целовечерен концерт.
Од Министерството за култура велат дека годинава македонската култура на големо ќе ја има во светските центри. Потенцираат дека културната промоција е во функција на надворешната политика на државата.
– Земји со кои одбележуваме значајни годишнини на билатерални односи, држави во кои има значителен број македонски иселеници, важни европски центри на културата се интерес за презентација на нашата култура. Таму каде што нема групно претставување на македонската култура, ќе бидат присутни поединци, наши репрезенти во различни културни дејности, велат од ресорното министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска


