Панел-дискусија на тема „Здрав сон, за здрав живот“ посветена на состојбата, дијагностиката и третманот на опструктивната ноќна апнеа (пореметување на дишењето во текот на спиење) ќе се одржи денеска во организација на Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Македонското здружение за ноќна апнеа.
Опструктивната ноќна апнеа е најчестиот облик на пореметување на дишењето во текот на спиењето, од која страдаат повеќе од 4 проценти од возрасната популација или околу 100 милиони луѓе во светот.
Иако успешно може да се лекува, дури 80 проценти од заболените не бараат лекарска помош. Ако навремено не се лекува, опструктивната ноќна апнеа ги зголемува ризиците од појавата на сериозни заболувања и го скратува животниот век.
Недостатокот на квалитетен сон заради ова нарушување доведува до намалена концентрација и будност, а може да биде причина за тешки повреди на работното место и сообраќајни несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Панел дискусија: „Приоритет е грижата на македонските граѓани, а не мигрантите“
-
Стојанчо Лазов, градоначалник на Росоман: ВМРО-ДПМНЕ секогаш интервенирала кога имало богат род