| четврток, 6 декември 2018 |

Стојанчо Лазов, градоначалник на Росоман: ВМРО-ДПМНЕ секогаш интервенирала кога имало богат род

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дискусиите, денеска се зборуваше за бенефитите кои земјоделците ги имале од минатата власт. На панел дискусијата „ВМРО-ДПМНЕ го унапредуваше земјоделието, СДСМ го уназадува“, говореше и Стојанчо Лазов, градоначалникот на Општина Росоман, која произведува еден процент од вкупното производство на праски, кои во моментов поради негрижата на Владата се истураат по улиците.

-Од 2006 година па навака се отворија на 20 откупни пункта со фрижидири, калибратори, складишни материјали, тоа резултираше со извоз од 10 до 15 милиони килограми, согласно бербата, годината и квалитетот на родот. Но, за жал ќе кажам дека ни се повторува 2005 година кога еден килограм праска се продаваше за 3 денари, изјави Лазов.

Тој кажа дека не само Росоман, туку и повеќето општини во регионот на Росаман се продава за помалку од 3 денари килограм, а реалната цена е 12-13 денари.

-Во најлошите години кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ помогна со неколку мерки, откупот беше 7 или 8 денари, плус два дополнителни 2 денари за откуп, со што доаѓаме до 10 денари. ВМРО-ДПМНЕ секогаш интервенирала кога имало богат род, сега кога нема над 50 проценти нас ни е чудно како не оди. Тоа најверојатно е поради погрешните политики на новата Влада.

Тој кажа дека поради замрзнувањето праските имаат дополнителен проблем и дека очекува Владата на СДСМ итно да помогне нешто. Тој кажа дека му е страв поради незнаењето на оваа Влада во областа на земјоделието и го повика премиерот да сработи нешто, бидејќи праската не може да чека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top