| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Против Мареј секогаш е рововска битка

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Енди Мареј во четврт-финалето на АТП-турнирот во Париз. Тој оцени дека мечот со Британецот ќе биде тежок и полн со неизвесност.

Ѓоковиќ досега одиграл 23 натпревари со Енди Мареј, од кои српскиот тенисер забележал 14 победи, додека Мареј само осум.

– Против Енди секогаш е голема борба на теренот, која бара голем физички напор, но сум подготвен за мечот. Знам што ме очекува. Играме на приближно ниво, тој има голема самодоверба по одличните игри во изминатиот месец. Мислам дека ќе победи тој што ќе биде посмирен и кој ќе биде физички поподготвен – изјави Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top