| четврток, 6 декември 2018 |

На владата било стрелано со рачен ракетен фрлач?

Во зградата на Владата, најверојатно, било стрелано од ракетен фрлач РПГ. Напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип оружје затоа што со него не може да ракува секој. Ова се претпоставките на дел од професионалните војници со кои контактиравме вчера во врска со понеделничкиот инцидент кога два проектила завршија во владиниот објект на „Илинденска“, пишува „Утрински весник“

CBFAAE90E7FE104080C576CB9BDEB467

Во недостиг од комплетни информации, кои се очекува да бидат соопштени по завршување на истрагата, познавачите на оваа проблематика велат дека во нападот, најверојатно, е употребена противпешадиска распрснувачка ракета, која се активира и исклучува под прав или остар агол.
Од МВР вчера соопштија дека е завршено балистичкото вештачење во врска со веројатноста за насоката од која се истрелани, како и на калибарот од остатоците на двата проектила што завчера вечерта беа истрелани кон зградата на Владата на Република Македонија и за тоа е информирано Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top