Росио Олива (24) поранешната свршеница на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, го обвини дека ја тепал, додека тој веднаш ги демантираше гласините.
Сепак на видео снимката која беше прикажана на ТВ јасно се гледа како Марадона и приоѓа на Олива и ја удира.
– Да, го фрлив телефонот, тоа го признавам, но тоа е се. Никогаш не подигнав рака на жена – вели Марадона.
– Се колнам во Бога. Само ме изнервира нејизната претерана употреба на мобилниот телефон – рече Марадона за странските медиуми.
Инаку ова не е првпат Марадона да е дел од некој инцидент бидејќи пред повеќе од еден месец направил тепачака пред еден ноќен клуб во Дубровник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


