| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона наскоро ќе го преземе Тотенхем?

Периодот на трансфери би можел да донесе една „бомба“, но не станува збор за фудбалер, туку за тренер. Односно, аргентинскиот фудбалер би можел да се проба во Премиер-лигата.

Поради лошите резултати на лондонскиот клуб и тешкиот пораз од Манчестер Сити со резултат од 6-0, тренерското место на Вилаш Боаш не е веќе толку сигурно. Како негов заменик би можел да се појави Диего Армандо Марадона, кој е заинтересиран да добие нов ангажман, а во прилог на Аргентинецот доаѓа и тоа што тој е миленик на директорот на клубот Даниел Леви.

Тотенхем минатото лето за рекордна цена им го продаде Герет Бејл на Реал Мадрид, а за негова замена доведе седум одлични фудбалери, кои се квалитетни поединци, но Тотенхем како тим бележи слаби резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top