| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона снимен како ја тепа поранешната свршеница (видео)

Некогаш најдобриот фудбалер Диего Марадона е снимен како ја тепа својата поранешна, 24-годишна свршеница Росио Олива.

На снимката, која е емитувана на каналот „13ТВ“ се гледа како Марадона, најверојатно во пијана состојба, станува од креветот и се приближува кон поранешната свршеница, па почнува да ја удира.

Аргентинецот бил налутен од нејзината прекумерна употреба на мобилниот телефон.

– Да, го фрлив телефонот, но се колнам во Бога никогаш не сум удрил ниедна жена. Сè заврши лошо. Телефонот го фрлив, признавам, но ништо друго – вели Марадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top