Со тешки повреди, возачот на камионот кој се преврте на патот за дебарското село Магорче е пренесен во општатата болница во Дебар.
– Во нашата болница со возило на итната медициска помош беше транспортирано лицето Ѓуро Панчев (48) од Велес, со компресивна фрактура на лумбален пршлен, фрактура на три ребра како и набиеници. По направените ренгенски снимки и дадената потреба медицинска помош, повредениот е транспортиран во Ургентниот центар во Скопје, изјавил за Дневник, Баки Алили, директор на Општата болница во Дебар. Тој додал дека повредениот бил примен во свесна состојба.
Како што изјавиле неговите колеги кои биле на местото на несреќата, Ѓуро имал голема среќа, а благодарни се и на итната медицинска помош од Дебар која веднаш по дојавата пристигнала.
Фото: Дневник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



