Постојат мајки кои никој не сака да биде во нивна близина. Таа ги има овие карактеристики:
Мајка која знае се
Оваа мајка знае се во секој момент. Таа знае цел историјат за лекот против алергии, а посебно го потенцира сопствениот труд и нежност со кој ги лекува детските болести.
Мајка која е најдобра во се
Намерно или не, оваа мајка ќе направи вашите мали родителски победи да немаат никаков ефект. Горди сте што вашето дете од три години јаде само, но нејзиното тоа го правеше на две години. Нејзиното дете има манири, неговата облека е чиста и после два часа, а таа има фризура и идеален маникир.
Мајка која е многу, многу искусна
Оваа мајка на секоја ваша приказна ќе одговара: „Се јас тоа сум го поминала“, „Не знаеш ти уште ништо“, „Тоа допрва ќе го водиш“ или цинично ќе се насмее на вашите проблеми.
Мајка која дели совети
Доколку пред неа случајно споменете дека вашето дете го сака чипсот и газираните пијалоци, ќе бидете принудени да слушате едночасовно предавање за тоа дека таквиот начин на исхрана предизвикува дебелина, проблеми со срцето и со дишењето.
Мајка која не прави грешки
Таа тврди дека никогаш немала ниеден проблем со своите деца. Таквата мајка никогаш нема да си признае себе си дека нешто не е во ред.
Мајка хипик
Мајка која не прифаќате детето да пие лекови, тврди дека употребата на еднократни пелени е злосторство против природата, оти пушењето во радијус од 300 метри од детето е ужасен и намерен начин да му се наштети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Мајка уапсена откако го истетовира 10-годишниот син (ВИДЕО)
-
Се роди Илина, ќерката на Сара и Димитар (ФОТО)