Вршителот на должност претседател на Венецуела, Николас Мадуро, соопшти дека телото на починатиот лидер Уго Чавез ќе биде трајно изложено во стаклен ковчег за „неговиот народ да може секогаш да го има“.
Мадуро изјави дека телото ќе биде изложено во Музејот на револуцијата, лоциран во близина на претседателската палата од која Чавез владееше 14 години.
Официјалната погребна церемонија е закажана за денеска, а присуство најавија 33 претседатели и премиери на држави.
Вечерва Мадуро ќе положи заклетва со која официјално ќе ја преземе должноста шеф на држава и ќе ја води Венецуела сè до новите избори, кои треба да се одржат во рок од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.