Вкупно 664,2 милиони евра односно 320 по глава на жител, се наменети за Македонија од ЕУ преку инструментот за претпристапна помош ИПА II 2014-2020. Според Националниот стратешки документ, промовиран од вицепремиерот Бесими и евроамбасадорот Орав, средствата ќе бидат искористени за конкретни и стратешки активности во четири приоритетни области како демократија, владеење на правото и човековите права, социоекономскиот развој, образование и развој на човечки ресурси и земјоделство и рурален развој.
Вицепремиерот Бесими истакна дека ИПА 2 е цврст доказ дека партнерството со ЕУ е на здрави нозе и дека Брисел цврсто продолжува да го поддржува проширувањето на Западен Балкан и во тие рамки на нашата земја.
– Уште еден аргумент за пријателството и заинтересираноста на ЕУ е фактот што оваа втора рамка е поголема според износот од претходната. И покрај посткризниот период со кој се соочува ЕУ сепак земјите членки се определија дел од даноците што ги плаќаат нивните граѓани да ги доделат за проширувањето. За 2007-2013 година ИПА изнесуваше 614,5 милиони евра вклучително со пограничната соработка, ИПА 2 за РМ изнесува 664,2 милиони евра. Дополнително на ова од регионалниот фонд за развој на ЕУ ќе се користат средства за прекуграничната соработка, рече Бесими.
Евроамбасадорот Орав истакна дека средствата тие ќе бидат наменети согласно потребите на земјата за спроведување на неопходните рефоми за подготовка за крајната цел – членството во ЕУ. Тој изрази надеж дека овие средства ќе бидат искористени и за адресирање на препораките содржани во Извештајот на ЕК за РМ.
Според програмата, за демократија и владеење во счедните седум години ќе бодат алоцирани 122,9 милиони евра, за владеење на правото и човековите права 83 милиони евра, за животна средина и климатски акции 112,9 милиони евра коку и за транспорт, за конкурентност и иновации 73 милиони евра, за образование, вработување и социјални политики 53 милиони евра и 106,3 за земјоделство и рурален развој.
Искористеноста на ИПА компонентата за 2007-2013 лани изнесувала 37,3 отсто, а за годинава податоците ќе бидат соопштени во јануари следната година. Од 614,5 милиони евра на располагање потпишани се финансиски спогодби во вредност од 565,9 милиони евра, а вкупно 829 договори во вредност од 249,6 милиони евра се склучени и се во фаза на имплементација.
Бесими и Орав ја потпишаа и Спогодбата за финансирање за 2013 програмска година во рамките на ИПА СВС Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција. Со последната спогодба, дел од ИПА 2007-2013, опфатени се 50 проекти од областа на економската соработка, во секторот животна средина, како и во областа на туризмот и културната размена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Евроатлански интеграции веднаш, но без да се отстапи од државните и националните интереси
-
Прво името па НАТО: И Коѕиас по Ципрас му разјаснува на Заев
-
Иванов: Заморот од проширувањето на ЕУ доведе до ретроградни процеси во ЈИЕ
-
Министерството за финансии: Неосновани се обвинувањата на СДСМ, се работи за СВОТ анализа