| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за финансии: Неосновани се обвинувањата на СДСМ, се работи за СВОТ анализа

minovski-
Министерството за финансии ги отфрли како неосновани денешните обвинувања на СДСМ за имплементирањето на ИПА средствата во УЈП и информира дека градежните работи на Колцентарот кој се финансира со овие пари се завршени, односно проектот за кој зборува СДСМ се одвива согласно предвидената и утврдената динамика.

– Желбата за сензационализам на СДСМ очигледно придонела да превидат и да не забележат дека на информацијата за користењето ИПА средства од страна на УЈП стои потписот на тогашниот директор на УЈП, а сегашен министер за финансии Кирил Миноски. Значи таа информација не е изготвена од страна на Министерството за финансии како поплака на УЈП, туку е редовна информација која се изготвува и доставува од самата Управа за јавни приходи до Владата, наведува Министерството.

СДСМ денеска во соопштение до медиумите испрати документ преку кој, како што наведува, на Владата и се предочени слабостите во работењето на Кирил Миноски додека бил директор на Управата за јавни приходи. Според СДСМ, во документот испратен од Министерството за финансии до Владата директно се посочува дека УЈП не успеала да ги спроведе потребните активности поради што ИПА проектот вреден 1.26 милиони евра не е реализиран.

Според Министерството за финансии, зачудуваат тврдењата на опозициската СДСМ дека во информацијата се наведува дека не се исполнети целите на проектот.

– Ова не наведува да помислиме дека во СДСМ нема кадри кои претходно работеле со ИПА програми, кои веднаш би препознале дека станува збор за СВОТ анализа, односно методологија на стратешко планирање на потенцијални ризици и предности во проектот. Нагласуваме потенцијални, не реализирани во реалноста, стои во соопштение до Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top