| четврток, 6 декември 2018 |

ФЕЉТОН НА РЕПУБЛИКА: „Мрачното време на транзицијата“ – 1995: Атентатот над Киро Глигоров

1995 е го­ди­на­та ко­га бе­ше из­вр­ше­но зло­сторс­тво што сè уште не е рас­чи­сте­но и е отво­рен слу­чај и за др­жав­ни­те ор­га­ни. Атен­та­тот над пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та. Слу­чај што сè уште ја по­тре­су­ва јав­но­ста. Атен­та­тот над Ки­ро Гли­го­ров ги из­ме­ни по­зи­ци­и­те во по­ли­тич­ка­та сце­на, во ус­ло­ви на еко­ном­ска де­ва­ста­ци­ја на др­жа­ва­та под бло­ка­да и раз­ви­ен кри­ми­нал... Ги про­ме­ни и ус­ло­ви­те под кои се­га се во­ди про­це­сот со Гр­ци­ја во ме­ѓу­на­род­ни­те ин­сти­ту­ции. Атен­та­тот над пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та зас­лу­жу­ва цел еден дел во овој фељ­тон „Мрач­но­то вре­ме на тран­зи­ци­ја­та“, осо­бе­но ако уло­га­та на хро­ни­чар на це­ли­от комп­лекс во кој се слу­чи атен­та­тот е Мир­ка Ве­ли­нов­ска, но­ви­нар­ка и све­док на тран­зи­ци­ја­та

Ве­ли­нов­ска: Пр­ви во­ве­дов­ме ембарго про­тив СРЈ. Во 1992 го­ди­на тр­гов­ски санк­ции ни во­ве­де Гр­ци­ја, а ние уште кон се­вер санк­ци­о­ни­рав­ме, а исток и за­пад не ни функ­ци­о­ни­ра. Од си­те стра­ни сар­ди­са­ни. А тре­ба­ше да пре­жи­ве­е­ме. Во тој мо­мент, Фрч­ко­ски „ма­на­та“ ја пре­тво­ри во опе­ра­ци­ја за бр­зи па­ри. Ја ин­ста­ли­ра­ше мре­жа­та за шверц. Не сам, со тоа што не функ­ци­о­ни­ра­ше од­бра­на­та од шверц. Бе­ше тол­ку сло­бо­ден да ја из­ве­де за­тоа што зна­е­ше ед­но, де­ка Гр­ци­ја не бе­ше санк­ци­о­ни­ра­на за не­ле­ги­тим­на бло­ка­да. Ние са­ми­те се на­ме­стив­ме „да ја каз­ни­ме“ Ср­би­ја, да си го пре­се­че­ме до­то­кот. Тоа раз­ви кла­са на швер­це­ри, а про­фи­ти­раа вла­ста, по­ли­ци­ја­та, по­ли­ти­ча­ри, ди­ре­кто­ри што бак­ну­ваа ра­це за не­вид­ли­ви ка­ми­о­ни… Мре­жа­та се соз­да­де то­гаш. Во на­ши кру­го­ви Фрч­ко­ски го ви­каа Ка­по, Дон. То­гаш и си за­бе­ле­жи со Бран­ко, за­тоа што са­мо еден Ка­по мо­же да е на вр­вот.

Ние но­ви­на­ри­те го на­па­ѓав­ме за тоа, а Фрч­ко­ски се бра­не­ше де­ка го ис­пол­ну­ва тоа што Цр­вен­ков­ски му го ка­жу­ва, а двај­ца­та си за­бе­ле­жи­ја со Ки­ро Гли­го­ров. И ту­ка мис­лам ле­жи евен­ту­ал­на­та при­чи­на зо­што на не­кое ни­во има ма­ке­дон­ски учес­ни­ци во атен­та­тот. Ве­ќе 19 го­ди­ни се крие. И од над­вор не да­ва­ат по­да­то­ци и тоа е чуд­но. Швер­цот во Ма­ке­до­ни­ја не мо­же­ше да се од­ви­ва на тоа рам­ни­ште на кое се од­ви­ва­ше ако не бе­ше бла­гос­ло­ве­но од ме­ѓу­на­род­ни­те ин­сти­ту­ции. Ва­кви­те опе­ра­ции по­та им слу­жат за по­ли­тич­ки при­ти­сок, за да има­ат ма­те­ри­јал­ни до­ка­зи за по­ли­ти­ча­ри­те, кои ќе се „од­мет­нат“,или за да ги на­те­ра­ат да спро­ве­дат не­што или за да им да­дат шут-кар­та.

 

Feljton6-1995-112-mirka-velinovska-1

 

Кол­ку фри­шо­пи­те беа ал­ка?
Ве­ли­нов­ска: Беа, ама тоа е сит­но. По­ра­ди глав­ни­от шверц во тоа вре­ме, Ма­ке­до­ни­ја бе­ше еден од свет­ски­те ли­де­ри во про­даж­ба на на­фта. Сме пи­шу­ва­ле, има­ме из­во­ри. (44,00). Пре­ку ноќ до­бив­ме бо­га­та­ши. Огром­ни па­ри се на­пра­ви­ја.Швер­цу­вав­ме на­фта, ци­га­ри и тоа што ме вчу­до­ви­ди, оруж­је. Ше­ќе­рот и ка­фе­то беа Б-ка­те­го­ри­ја.

 

Ка­ко се швер­цу­ва­ше оруж­је­то?
Ве­ли­нов­ска: Со ави­о­ни од Укра­и­на. По­зи­ци­ја­та ми­ни­стер за од­бра­на ја има­ше Вла­до По­пов­ски. Дру­га­рот на Фрч­ко­ски, кој беше министер за вна­треш­ни ра­бо­ти. Две­те кон­тро­ли­ра­ат ца­рин­ски пре­ми­ни, ави­о­ни, оруж­је.. И двај­ца­та, ако ве­ли­те де­ка исти ли­ко­ви ни се по­вто­ру­ва­ат низ исто­ри­ја­та, ете ги и двај­ца­та во 2001 го­ди­на го пра­веа Рам­ков­ни­от до­го­вор. Од Устав, до про­ме­ни на Устав, до Рам­ко­вен, до пред­ло­зи на Ме­ѓу­на­род­на­та Криз­на Гру­па, сè овие лу­ѓе ќе ги ви­ди­те. Ај тоа, ама Фрч­ко­ски има­ше врв­на за­шти­та и ко­га дој­де ВМРО на власт, со До­ста Ди­мов­ска и Бо­рис Трај­ков­ски. Не му из­ле­гу­ваа од ка­би­не­тот, со­вет­ни­ци му беа…

 

Ка­де за­вр­шу­ваа па­ри­те од швер­цот, на чии сме­тки?
Ве­ли­нов­ска: На при­ват­ни стран­ски сме­тки. На тие што ги ор­га­ни­зи­раа сме­тки­те. А дел од пле­нот им се нап­ла­ќа.

 

Пар­ти­ја­та зна­е­ла за ова, па има­ло ли ќар за ра­ко­водс­тво­то?
Ве­ли­нов­ска: За тие во вр­вот – да, дру­ги­те што гла­са­ат мо­же ги вра­бо­ту­ва­ле ка­ко вра­та­ри, за да пре­ми­жат што се слу­чу­ва и за тоа мо­же­би зе­ма­ле 500 до 1.000 мар­ки то­гаш, не по­ве­ќе. Тие што зе­маа па­ри си ги из­не­соа па­ри­те, са­мо на­ши­от на­род тие па­ри ги ви­ка кол­на­ти па­ри.

 

Јав­ни­те на­ба­вки се јав­ни на­род­ни па­ри. А ед­на ком­па­ни­ја про­да­ва­ла сѐ, од авто­мо­би­ли до умет­нич­ки сли­ки и комп­ју­те­ри.
Ве­ли­нов­ска: Мис­ли­те на АСИБА? Ту­ка не­ка­де би го вмет­на­ла и „Ау­ди“. Зна­е­те зо­што „Ау­ди“ не дој­де во Ма­ке­до­ни­ја? Ја­не Ми­љо­ски пре­го­ва­ра­ше за тоа, по­тоа Буз­лев­ски… Бран­ко не доз­во­ли да вле­зе. За­тоа што АСИБА бе­ше се­меј­на фир­ма, се­стра му со со­пру­гот беа со сопс­тве­ни­кот на АСИБА. А Ја­не Ми­љо­ски не го из­ве­стил, на­вод­но, са­кал ка­ко по­сред­ник да зе­ме про­цент. Но Бран­ко Цр­вен­ков­ски има­ше ед­но пра­ви­ло – ни­што од тоа што но­си па­ри не мо­же да се слу­чи без не­го­во зна­е­ње и одо­бру­ва­ње. Та­ка бе­ше и со фри­шо­пи­те. До­кол­ку не ги одо­бре­ше не­ма­ше да по­сто­јат. Ко­га Фрч­ко­ски и брат му не поч­наа да се за­не­су­ва­ат де­ка се газ­ди, згас­наа. По­тоа со­пру­гот на Гор­да­на Сил­ја­нов­ска, ко­ја бе­ше ми­ни­стер­ка во ка­би­не­тот на Кљу­сев, со­пру­гот на Лен­че Со­фро­ни­ев­ска, ко­ја бе­ше шеф, се­кре­тар­ка на Вла­да. Та­ка фри­шо­пи­те освен што беа ду­ќан­чи­ња со мал про­фит, беа и ма­ска за швер­цот со ци­га­ри и дру­го, но и па­ри не за­вр­шу­ва­ат кај нив ту­ку во дру­ги џе­бо­ви.

 

Во 1995 го­ди­на се за­тво­ра­ат фри­шо­пи­те, ЉДФ е ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти, а пре­ку не­го Гр­ци­ја ну­ди па­ри и по­да­ро­ци за Гли­го­ров во за­ме­на за име­то.
Ве­ли­нов­ска: Не ну­ди, Фрч­ко­ски си го „лап­на“ сво­јот дел, па оти­де кај Ки­ро да му го прет­ста­ви не­го­ви­от дел. (80,00) Тоа и Ки­ро во кни­га­та си го на­пи­ша. Но, ин­ди­ка­тор де­ка па­ри­те што ги има­ат зе­ме­но, а де­ка не се во нив­ни џе­бо­ви, ми е тоа што Љу­бо­мир Фрч­ко­ски ока­па се­деј­ќи во Ма­ке­до­ни­ја. Да имам ми­ли­јар­да до­ла­ри и да сум из­вр­шил ва­кви опе­ра­ции што га­ран­ти­ра­ат до­жи­во­тен за­твор ќе по­бег­нев со ми­ли­јар­ди­те што ги имам.

 

А зо­што?
Ве­ли­нов­ска: За­тоа што тој не спие. Мо­ра по­сто­ја­но да би­де бли­зок до вр­вот во по­ли­ци­ја­та, да кон­тро­ли­ра дејс­тва. Зо­што бе­ше бли­зок до Бо­рис и до До­ста? Не­ли го при­би­раа, се кри­е­ше, не­ли и Јаг­ну­ла Ку­нов­ска рас­ка­жу­ва­ше де­ка ѝ тро­пал на вра­та да го при­бе­ре би­деј­ќи се пла­шел да спие? Не­ли го мо­ле­ше Бран­ко Цр­вен­ков­ски? Па си­те бев­ме све­до­ци, јас бев све­док, ко­га ви­ка­ше „ше­фе бе, сфа­ќаш ли де­ка јас ни 24 ча­са не сме­ам да вле­зам во за­твор?“. А ту­ка беа ја­вен об­ви­ни­тел, Сте­ван Пав­лев­ски, Чо­крев­ски бе­ше, Ла­зе Ки­та­нов­ски, Ѓор­ѓи Спа­сов, си­те го слу­шав­ме ова, ка­де Фрч­ко­ски му ве­ли на Бран­ко: „До­а­ѓа Ге­ор­ги­ев­ски, се­га јас сум прв“ и Бран­ко го зе­за, му ви­ка: „Убав си, са­мо ќе ти ста­ви­ме са­пун­че, па ќе нѐ че­каш и нас да дој­де­ме, са­мо ние во дру­ги ќе­лии ќе би­де­ме, ќе пра­ви­ме пар­ти­ја ка­ко Мо­ша Пи­ја­де, а ти над­вор кро­мид ќе са­диш“… Ова беа му­а­бе­ти­те. Тој мо­ра­ше да се доб­ли­жи до ВМРО. Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски пи­шу­ва­ше во сво­и­те ко­лум­ни де­ка Фрч­ко­ски го мо­лел и му пла­чел да го ан­га­жи­ра. И по­тоа со Ди­мов­ска и со Трај­ков­ски се вр­за и пак ста­на гла­сен.

 

Со парите од шверцот ке бевме холандиjа

Си­те се фо­ку­си­ра­ат на тоа што са­ка­ат да ви­ди­ме. „Ко­ка­и­нот“, фри­шо­пи­те… Тоа се актив­но­сти што са­ка­ле да ги ви­ди­ме. Ко­га во Ма­ке­до­ни­ја дој­де ди­ре­кто­рот на Евро­пол, со на­ме­ра да на­пра­ви ин­терв­јуа, не­кол­ку­ми­на од нас по­ви­ка на ин­терв­ју со ак­цент за при­ва­ти­за­ци­ја­та. Има­ше спи­сок со звуч­ни ими­ња за кои сме пи­шу­ва­ле. Си­те оли­гар­си беа на­ре­де­ни, но ре­дос­ле­дот не ми бе­ше ло­ги­чен. На че­ло бе­ше пр­ви­от чо­век на Скоп­ски па­зар, се­га по­чи­нат. Ве­ли: „Ова е фир­ма­та со најм­но­гу го­то­ви­на во Евро­па, а ние ги сле­ди­ме си­те. Симп­то­ма­тич­но, но си­те вре­ќи па­ри за­вр­шу­ва­ат на Би­ха­ќка“. За ова имам за­пис­ник од раз­го­во­рот. Го пра­шав на крај: „Со ва­ква краж­ба, има­те про­це­на кол­ку те­жи, ка­де ќе бе­ше де­не­ска Ма­ке­до­ни­ја во пре­го­ва­рач­ки­от про­цес за ЕУ и за НАТО?“ Ве­ли: „Оваа го­ле­ми­на со ова на­се­ле­ние, ин­фра­стру­кту­ра и ор­га­ни­за­ци­ја, со прв слој ре­фор­ми за пет го­ди­ни ќе бе­ше исто што и Хо­лан­ди­ја“. Се­га за­мис­ле­те кол­ку па­ри се од­ле­а­ни. Про­це­на­та на овој чо­век бе­ше де­ка би­ле из­ле­а­ни 17 ми­ли­јар­ди. Тол­кав бе­ше дол­гот на СФРЈ. Зна­чи, збо­ру­ва за шверц на на­фта, на оруж­је, на круп­ни ра­бо­ти, а не за ма­лин­ки, ка­пин­ки или жен­ски то­а­лет­ни са­пу­ни. И тоа не мо­же да се од­ви­ва, а др­жа­ва­та да не зна­е­ла, но и НАТО, ОБСЕ, ни­кој да не знае. Но прок­лет­ство­то е што тие па­ри ве­ќе не се во нив­ни ра­це, тие се оту­ѓе­ни, из­ве­сте­ни се „љу­без­но“ де­ка ги не­ма­ат, па за­тоа се­дат ту­ка.

 

Што се слу­чи ден­та ко­га се слу­чи атен­та­тот?
Ве­ли­нов­ска: На 28 август 1995 го­ди­на јас и Ко­ле­ми­шев­ски бев­ме во Охрид, во ви­ла­та „Бил­ја­на“, кај Гли­го­ров. Да се поз­дра­вам, за­ми­ну­вав ка­ко до­пис­ник на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ за Лон­дон. И Ко­ле­ми­шев­ски го пра­ша: „Пре­тсе­да­те­ле, ка­ко се­ди­те ва­ка на бал­кон, не ли ви е страв, не­ма ни­ка­ква без­бед­ност“. Тој ве­ли: „Ин­те­рес­но, од април до се­га, тоа што е пра­кти­ка, да до­би­ва­ме из­ве­штаи од раз­уз­на­вач­ки­те служ­би и од кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње­то, не­мам до­би­е­но ни­што“.

Ден­та ко­га се слу­чи атен­та­тот бев во Лон­дон, Ко­ле­ми­шев­ски ми се ја­ви. За цел свет тоа зна­чи де­ка е на­пад­на­та др­жа­ва­та. На­ци­ја­та е во шок. Јас во Лон­дон те­ле­фон­ски ба­рав став во бри­тан­ски­от Фо­рин офис, тие не­маа по­им. Во си­те анг­ли­ски ре­дак­ции се ја­вив, ни­кој не­ма­ше по­им. Ри­сто Ни­ков­ски (то­гаш ам­ба­са­дор во Лон­дон) вр­те­ше по ко­ле­ги­те ам­ба­са­до­ри, но ни­кој не­ма­ше по­им. Зна­чи Евро­па не­ма­ше по­им што се слу­чи во Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко цр­на дуп­ка да е Ма­ке­до­ни­ја. Ре­ак­ци­и­те поч­наа со за­доц­ну­ва­ње.

Не­кои дејс­тва ги доз­на­ва­ме по­доц­на, ка­ко кам­чи­ња од мо­за­ик. На­ша­та др­жа­ва ги за­мо­ли­ла Гер­ман­ци­те да им пра­тат ин­фор­ма­ции, овие не им пра­ти­ле. Исто и од Аме­ри­кан­ци­те, Бри­тан­ци­те, Фран­цу­зи­те.. Зна­чи глав­ни­те што имаа свои ин­те­ре­си на Бал­ка­нот не да­ваа ин­фор­ма­ции. Нај­симп­то­ма­тич­ни беа Гер­ман­ци­те, кои ма­кси­мал­но го по­кри­ваа Бал­ка­нот.

Јас бр­зо до­па­ту­вав во Ма­ке­до­ни­ја, мис­лев ќе ја за­тво­рат гра­ни­ца­та. Фрч­ко­ски бе­ше за­гу­бен, из­ва­ден од па­мет, Бран­ко Цр­вен­ков­ски не мо­же­ше да се со­зе­ме… И чуд­на ра­бо­та, исто­вре­ме­но Бран­ко се оби­ду­ва­ше да го об­ви­ни Сто­јан Ан­дов за не­со­од­вет­но од­не­су­ва­ње, а Ан­дов со си­те си­ли се тру­де­ше да го об­ви­ни Фрч­ко­ски де­ка не­што знае. Но, со ин­си­ну­а­ции кон нас но­ви­на­ри­те, да во­ве­де во спин. По­во­дот на Бран­ко бе­ше упа­дот на Ан­дов во ка­би­не­тот на Гли­го­ров уште до­де­ка бе­ше во бол­ни­ца. По Устав, вто­ри­от чо­век на др­жа­ва­та тре­ба да ги вр­ши функ­ци­и­те, но не и да му вле­зе во ка­би­нет, да отво­ра фи­о­ки. Ше­фот на др­жа­ва­та е уште „бо­лен“, та­ка се во­де­ше. Бран­ко тоа го сме­та­ше за пуч. Ан­дов, пак, твр­де­ше де­ка не мо­же ва­ков атен­тат да се слу­чи без зна­е­ње на по­ли­ци­ја или де­ло­ви.

Ин­ди­ка­тив­но, не­кол­ку ме­се­ци пред атен­та­тот од де­по­а­та на АРМ ис­чез­наа пет ки­ло­гра­ми експ­ло­зив ка­ков што се упо­тре­бу­ва за ва­кви те­ро­ри­стич­ки дејс­тва. Таа афе­ра по­тоа до­би име афе­ра „Шак­лев“ би­деј­ќи об­ви­не­ти­от по­бег­на во Гер­ма­ни­ја. Но то­гаш­ни­от ми­ни­стер, Бла­гој Хан­џи­ски, не на­стра­да, не­ма­ше по­ли­тич­ки кон­се­квен­ции. Ни­ту, пак, не­кој друг, ка­ко ми­ни­сте­рот за по­ли­ци­ја. Не­ма­ше по­ли­тич­ки, мо­рал­ни, ни­ка­кви од­го­вор­но­сти и кон­се­квен­ции. И тоа е са­мо по се­бе ин­ди­ка­тив­но.

А са­мо еден на­стан се слу­чу­ва­ше во сен­ка, а тоа е под­го­то­вка­та за пот­пи­шу­ва­ње на при­вре­ме­на­та спо­год­ба, чиј­што автор и спон­зор бе­ше (аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел) Бил Клин­тон. А не ООН, ка­де што имав­ме ре­зо­лу­ции и об­вр­ски. Таа спо­год­ба ја зна­е­ме, а це­ла­та бе­ше смис­ле­на во пол­за на Гр­ци­ја, освен еден член, кој, пак, ни по­мог­на да ја до­би­е­ме туж­ба­та во Хаг.

Ако не­ма­ше та­ква спо­год­ба не­кој „шо­ков на­стан“ кој ја смрз­не на­ци­ја­та и го одв­ле­че вни­ма­ни­е­то, не­ма­ше да по­ми­не лес­но, а ве­ро­јат­но ни­ту Ки­ро Гли­го­ров не­ма­ше да ја пот­пи­ше. И не­ма не­гов пот­пис на неа. Ја пот­пи­шаа пре­ми­е­рот и ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти (Бран­ко Цр­вен­ков­ски и Сте­во Цр­вен­ков­ски). Гли­го­ров не са­ка­ше да ја пот­пи­ше ре­зо­лу­ци­и­те во ООН за раз­го­во­ри око­лу име­то не са­ка­ше да ги пот­пи­ше ако не­ма­ше анекс во кој стои де­ка Ма­ке­до­ни­ја не се сог­ла­су­ва со нив. Од­го­во­рен по­ли­ти­чар не пот­пи­шу­ва ва­ков до­ку­мент, ќе пре­го­ва­ра…

 

Feljton6-1995-112-mirka-velinovska-2

 

Ан­дов се­га ве­ли де­ка Ки­ро Гли­го­ров се сог­ла­сил со Сла­во­ма­ке­до­ни­ја?
Ве­ли­нов­ска: Ме нер­ви­ра­ат лу­ѓе на кои вед­наш им про­ра­бо­ту­ва ме­мо­ри­ја­та ко­га акте­ри­те и све­до­ци­те не се ме­ѓу жи­ви­те. Што не ка­жа до­де­ка бе­ше жив Гли­го­ров? Ни­кој од нас не го слуш­нал тоа од Гли­го­ров. Ни фор­мал­но ни не­фор­мал­но. Има­ше ед­на не­среќ­на из­ја­ва, ко­ја си­те ја слуш­нав­ме и е за­бе­ле­жа­на, мо­же­би по­ли­тич­ки не­про­мис­ле­но, но за да ка­же де­ка не пре­тен­ди­ра­ме на грч­ка­та ан­ти­ка, но тој не­ма оста­ве­но до­ку­мент, ни­ка­де офи­ци­јал­но или на не­кој фор­мун го не­ма ка­жа­но. „Име­то не го да­ва­ме“ е не­го­ва ко­ва­ни­ца. Нај­да­ле­ку што ус­пе­а­ја да го на­те­ра­ат е двој­на­та фор­му­ла, но таа не е ка­ко што са­ка да се тол­ку­ва се­га, ту­ку „ед­но име за Гр­ци­ја, а дру­го­то за цел свет“. Се­га низ раз­ни опе­ра­ции ние стиг­нав­ме до Тро­јан­ски­от коњ – ед­но име за цел свет, а да има­ме име за вна­треш­на упо­тре­ба.

Јас се пла­шам и се­га, и пре­ду­пре­ду­вам, овој „па­кет“ се­га ми ли­чи де­ка пак ќе пре­диз­ви­ка­ат си­ту­а­ци­ја на шок во зем­ја­ва, за на­ед­наш по­тоа да пре­го­ва­ра­ме, а поз­на­ти сме ка­ко до­бри пре­го­ва­ра­чи, па да пот­пи­ше­ме „ко­ле­ктив­но са­мо­у­бис­тво“.

Тоа е атен­та­тот на Ки­ро Гли­го­ров. Очиг­лед­но им пре­чел и до­ма и над­вор. Со по­зи­ци­ја­та де­ка не са­ка.

Ко­га се швер­цу­ва­ше и ко­га ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност го пу­шти швер­цот, кај не­го дој­де лорд Деј­вид Овен, со ра­це­те в џеб и по­ра­ча де­ка Ма­ке­до­ни­ја во си­ту­а­ци­ја со бло­ка­да од Гр­ци­ја, ве­то кон СРЈ, без ни­ка­ков при­од од исток и од за­пад, ќе из­др­жи са­мо три ме­се­ци. И со по­ну­да: „По­до­бро да при­фа­ти­те што ви ну­ди Гр­ци­ја“. Гли­го­ров лут ка­ко ни­ко­гаш до­то­гаш го исте­ра Овен: „Не ја зна­е­те Ма­ке­до­ни­ја, ќе из­др­жи­ме сѐ“. Зна­чи, им пре­че­ше. Но тој поч­на да се рас­пра­шу­ва за швер­цот во ка­би­не­тот. Поч­нал па­ра­лел­но да ра­бо­ти за швер­цот. И се за­ка­нил де­ка ќе проз­бо­ри, а то­гаш…

Но, оста­на жив, а вед­наш од САД дој­доа од ми­ни­сте­рот за од­бра­на до дру­ги врв­ни лу­ѓе. А Гли­го­ров им одр­жа „ед­но­ча­со­вен шоу“ од мо­то­ри­ка, ло­ги­ка, кон­цен­тра­ци­ја, и тоа на ма­ке­дон­ски и на анг­ли­ски ја­зик, тоа го рас­ка­жу­ваа Аме­ри­кан­ци­те. Сфа­ти­ја де­ка чо­ве­кот ќе се вра­ти на сце­на и му се за­ка­ни­ја. Тоа е тоа зо­што Гли­го­ров ни­ко­гаш не проз­бо­ри? Пан­де Ко­ле­ми­шев­ски по­тоа му го пра­ве­ше ин­терв­ју­то и ре­че: „Знае кои се, ама не са­ка да ка­же“. Пан­де знае што му ре­кол Ки­ро Гли­го­ров. И јас, и Не­вен­ка Ми­тре­ва, кои бев­ме по­ви­ка­ни од не­го да го ви­ди­ме, пр­ви бев­ме та­му. Ни ре­че де­ка не­ма да проз­бо­ри.

Јас пос­лед­ни­те ме­се­ци пред да по­чи­не доз­нав де­ка и не­му му се за­ка­ни­ле и ди­рект­но го исп­ла­ши­ле де­ка ако проз­бо­ри ќе му го уни­штат се­мејс­тво­то што жи­вее над­вор. Но, уве­ре­на сум де­ка има оста­ве­но не­ка­де до­ку­мент, кој ќе из­ле­зе по из­ве­сен број го­ди­ни. Ова се фа­кти и, спо­ред ме­не, кој и да е од над­вор, од кој и да е цен­тар на моќ, ор­га­ни­за­ци­ја­та на вто­ро ни­во и из­вр­ши­те­ли­те се од до­ма.

 

За­тоа ли е тој впе­ча­ток де­ка тоа е мо­мен­тот ко­га Цр­вен­ков­ски, фа­ктич­ки, ста­ну­ва „број еден“ во СДСМ?
Ве­ли­нов­ска: Тоа го нај­а­ви­ја и Фрч­ко­ски и Чо­крев­ски во ин­терв­ју­а­та за „Пулс“. До­пол­ни­тел­но го прог­ла­си­ја за „бри­тан­ска кра­ли­ца“ и де­ка тре­ба да се ре­ди­зај­ни­ра по­ли­тич­ки­от по­ре­док, пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва да се из­би­ра во Со­бра­ние и да се све­де на про­то­ко­лар­на функ­ци­ја.

 

Се ве­ли де­ка те­ло­хра­ни­те­лот на Гли­го­ров, оче­ви­дец на атен­та­тот, го снај­де ло­ша суд­би­на, не­рас­чи­сте­на смрт?
Ве­ли­нов­ска: Не са­мо не­го, си­те тие не­среќ­ни­ци што се наш­ле та­му слу­чај­но. Си­те ги нај­де иста суд­би­на. И тие што го сле­де­ле, и тие што ср­ка­ле су­па во Бри­стол, и тие што се во­зе­ле, што ше­та­ле. Про­сто да се чу­ди чо­век, ни­кој не оста­на жив.

Исто та­ка, пред­ме­тот не бе­ше за­ве­ден суд­ски, Ста­вре Џи­ков ко­га дој­де во 1998 го­ди­на го отво­ри и за­ве­де слу­ча­јот ка­ко што тре­ба. Пап­ка­та, пред­ме­тот го наш­ле на пла­кар, прав да фа­ќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top