Светската правна мисла, минатата недела на меѓународната конференција што ја организираше Академик, ги компарираше, анализираше и ги соочи светските искуства во областа на правните ризици чија основна цел е подигнување на свеста за правните ризици, примената на управувањето со правните ризици во функција на организираниот правен систем и општество и исполнувањето на правните вредности и начела на домашен, регионален и глобален план како што се ефикасноста, економичноста и правната сигурност.
Конференцијата започна со поздравен говор на познатиот македонски адвокат Георги Димитров, кој, како што го нарекоа неговите колеги, е вонсерискиот адвокат чија визија за менаџирањето на правните ризици повторно Македонија ја вброи во редот на земји од каде светската правна мисла ќе рефлектира нови вредности за правото и космополитските аспекти на правно-деловната култура.
Димитров го нагласи значењето на ваквото вмрежување на правниците од регионот кои ја имаат исклучителната можност да ги слушнат најеминентните имиња на современата адвокатура, експертиза и професура, бидејќи, како што подвлече реномираниот адвокат, трендот на иднината подразбира поширок интернационален контекст на сфаќањето и применувањето на менаџментот на правните ризици.
Во таа насока, Димитров посочи дека системот за управување со правните ризици денес подразбира и добро организирана држава, што секако се одразува врз целокупниот имиџ на државата, нејзиното правосудство, адвокатурата и бизнис заедницата.
„Следната Конференција ќе ја организираме во Истанбул и ќе продолжиме со она што е главната цел и мисија на Академик Конференциите“, истакна Димитров, навестуваjќи го, на огромен поздрав од публиката, следниот меѓународен чекор и афирмација на конференциите за управување со правни ризици.
По воведниот говор на Димитров, своја презентација имаше Метју Вајли, врвниот британски експерт за правни ризици, кој пристигна од престолнината на правните ризици – Лондон.
Метју Вајли од реномираната британска фирма „Berwin Leighton Paisner“, говореше за петте столба на управување со правни ризици на системски начин, притоа истакнувајќи го неговиот пробив на британската адвокатска сцена и како полека, но сигурно, го започнал менаџментот на правните ризици.
Свеста на компаниите за правните ризици, петте чекори за прогрес, имплементацијата на правните ризици, прецизните нормативно-деловни варијабли, утврдувањето на приоритетите и начините за пософистициран третман на правните ризици беа сегментите кон кои се задржа Вајли, притоа потенцирајќи дека и самите регулaтиви имаат иманентна функција во таа насока.
„Да се предвидат регулативите во иднина – тоа е еден од врвните приоритети и значења на правните ризици“, подвлече британскиот експерт.
На големо задоволство на учесниците, реномираниот адвокат и легендата на балканската адвокатура – адвокатот Тома Фила, зборуваше за специфичностите на постапките пред специјалните судови, но на нему препознатлив стил, се осврна преку фантастичен сатиричен колаж и на правосудните балкански состојби.
Фила не пропушти да упати и забелешки за Хашкиот трибунал бидејќи за него судот најмалку е персонификација на правото и заради таквиот „судски феномен“ е интересен за елаборација.
Хашкиот трибунал е сè освен суд, рече Фила, последователно, анализирајќи ги новитетите во кривичното процесно право и поставеноста на адвокатите во самата кривична постапка, парадоксите со вкрстените испрашувања, „нееднаквоста на оружјето“ во постапката, притисоците врз судството од политичките центри и извршната власт, како и штрајкот, односно протестот на српските адвокати.
„Се носат закони кои се противуставни, јасна е улогата на адвокатите според Уставот, но министерот за правда очигледно нема разбирање. Се прават притисоци“, истакна легендарниот Фила.
Познатиот адвокат дополни дека не само адвокатите туку и судиите се тие кои сами треба да ја водат својата борба, затоа што тие самите треба да си се избираат без вклучување на другите власти во „улогата“ на судството.
Искусниот адвокат, како заклучок кон својата дискусија, акцентираше дека секогаш во правото, а особено во кривичната постапка треба да се внимава на политичките ризици бидејќи тоа е во непосредна врска со независноста на судството, но и со стабилноста на адвокатурата како уставна категорија.
На 350-те учесници им се обратија светски реномираните предавачи, а присутни беа високи политички претставници од областа на правдата, домашната, регионалната и светската адвокатура и правосудство, видни членови на домашна и регионална академска заедница, претставници на студентската средина, претставници на бизнис заедницата и менаџментот, публицистиката и почитувачите на правната мисла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ
-
Експерти од регионот ќе дискутираат за проблемите во образованието на возрасни