| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Ѓоковиќ една недела по породувањето

529885_jelena-ristic-foto-profimedia-rs_ff

Јелена Ѓоковиќ

Само што го донесоа наследникот во семејниот дом во Монте Карло, Ѓоковиќ веќе се вратил на бројните обврски. Новак моментално е во Париз, каде што постојано добива честитки и подароци за синот.

Од друга страна, неговата сопруга Јелена една недела по породувањето веќе полека се враќа на професионалниот живот како директорка на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

Всушност, таа не сака да го занемари еден од најактуелните проекти „Школка на животот”.

И покрај тоа што не се дели од бебето, Јелена се обидува да не ја занемарува работата на Фондацијата. Тие сметаат  дека така и на Стефан ќе му дадат позитивен пример за одговорност.

Често знаат да истакнат дека тие се нормално семејство и не сакаат нивниот син да расте со привилегии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top