Во Ново Сараево се уапсени македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар. Според босанските медиуми тие се уапсени со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на улицата „Пут живота“. Според информациите, хероинот е пронајден кај Шабан, кој бил во друштво со Идриз. Во Сараево дошле со автобус, инспектори ги пречекале на автобуската станица. Шабан бил платен само да го пренесе хероинот. Со помош на појас за грб го замотал околу телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.