| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров го потврди ептитетот крал на стрелците, со 13 гола е најефикасен во првата рунда

Кирил Лазаров уште еднаш го потврди епитетот крал на стрелците и со 13 погодоци против Швајцарија е најефикасен ракометар по премиерниот ден во евроквалификациите за шампионатот во Полска во 2016 година.

Со капитенот на македонската репрезентација на делба на лидерската позиција е турскиот ракометар Рамазан Доне, со идентичен ефект од 13 погодоци во поразот од Норвешка со 27-36.

Лазаров ја предводеше Македонија на домашен терен до стартен триумф против Швајцарија со 27-20. Дури девет гола, играчот на Барселона постигна од седмерец, а вкупниот ефект е за место на врвот на листата на стрелците по некомплетното прво коло.

makedonija-svajcarija-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top