Вкупно 200 се заболени од грип во Македонија информира Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ). Минатата недела ИЈЗ регистрирал 104 заболени од грип. Со последните податоци бројката за грипозни оваа сезона се искачи на 200.
Во споредба со истиот период од минатата година (82), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 1,3 пати, а во однос на просекот за 10-годишниот период (31) се регистрира зголемување од 6,4 пати.
Во оваа сезона се пријавени заболени лица во 14 града. Најмногу заразени има во Тетово (73), Куманово (53), а во Прилеп и во Скопје се регистрирани по 15 случаи. Во останатите 10 града бројката е под 10 заболени.
Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) со 98 случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.