Поранешниот европски првак Интер беше понижен од лондонски Тотенхем, кој со три гола предност патува на реваншот од осминафиналето на Лига на Европа, во Милано. Головите за англискиот претставник ги постигнаа Бејл во шестата минута, Сигурдсон во 18. и Вертонген во 53. минута.
На останатите мечеви, Базел со головите на Диаз во 83. минута и на Фреи од пенал во 93. минута, славеше против рускиот Зенит, Леванте и Казан одиграа натпревар без голови, додека Бенфика со голот на Морено во 21. минута славеше минимално против Бордо.
Претходно романска Стеауа славеше против Челси со 1-0. Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски поради повреда не беше во составот на Стеауа.
Од останатите средби што се играа од 19 часот, Лацио со 2-0 победи на гостувањето во Штутгарт, Анжи на домашен терен ремизираше без голови со Њукасл, додека Фенербахче на гости го совлада Плзењ со 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.